Елмас заменет по само 20 минути игра

Фудбалската репрезентација на Македонија го игра мечот од Лигата на нации против Летонија на домашен терен во 5. коло од новото издание.

Уште на стартот на мечот селекторот Благоја Милевски се соочува со големи проблеми, откако по само 20 минути игра мораше да го извади од игра Елиф Елмас.

Иако Елмас ги одигра во полн ритам овие 20 минути, поради повреда предвреме мораше да го заврши дуелот. Фудбалерот на Лајпциг и пред мечот беше неизвесен, но доби дозвола од лекарите за настап. Сепак, не успеа да го издржи темпото.

Се вчитува...