Кошаркарите на Црвена Звезда во повеќе од драматичен финиш загубија од Лион Вилербан (Асвел) со 77-74 во 10. коло од Евролигата.
Во натпревар во кој Французите имаа предност од 43-32 на полувремето, сепак Црвена Звезда со одлично одиграна последна четвртина успеа да дојде до предност од 71-74 во последната минута од средбата.
Но, за 60 секунди следеше серија од 6-0 за триумф. Белграѓани имаа предност и од 73-74, но на 13 секунди пред финишот домашните од две слободни фрлања дојдоа до 75-74, а потоа по промашен напад на гостите и до триумф од 77-74.
Најефикасен кај Асвел беше Маледон со 26 поени, а кај Црвена Звезда најефикасен беше Петрушев со 18 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА