Англија брутално и се одмазди на Грција победувајќи со 0-3 среде Атина, со што се израмни на врвот од табелата во Б-дивизијата од Лигата на нациите.
Англичаните во Атина триумфираа со головите на Воткинс уште во 7.минута, а потоа Влаходимос во 78. минута со автогол им донесе предност на гостите, а Џоунс во 83. минута заокружи на 0-3.
Во истата група Ирска славеше против Финска со 1-0, со голот на Фергусон во 45. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА