„Секогаш е тешко е да се добие меч во кој противникот се брани со сите позади“

Македонската репрезентација дојде до четвртата победа по ред во групата во Лигата на Нации, и го обезбеди првото место во групата, и пласман во Б сегментот. Ако имаше некакви дилеми пред овој меч, тогаш сите беа отстранети, и не само што не загубија со голема разлика, туку остварија нова победа со чиста мрежа.

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски по мечот изјави дека е тешко да се добие тим кој се брани со сите…

„Честитки за моите фудбалери пред се поради истрајноста на денешниот меч и трпението. Тешко е да се победи тим кој се брани со многу играчи позади. Момците беа решени да го добиеме овој натпревар. Жал ми е што не искориствиме неколку шанси да го завршиме мечот порано.  КОга играте против тим со многу густа одбрана, многу малку простор има за вашите напаѓачи. Но со својата посветеност сите фудбалери на мечот ја одиграа својата улога. За дефанзивата нема што да кажам задржавме „нула“ и на овој меч“, изјави Милевски. 

Сега Македонија во недела (17 ноември) против Фарските острови ја очекува последниот натпревар, во кој ќе се бара повторно победа со која националниот тим со сериозни шанси ќе се надева на бараж за пласман на СП 2026.

 

Се вчитува...