Трајковски: Ги чекаме навивачите во недела заедно да ги прославиме успесите во оваа Лига на нации

Александар Трајковски во синоќешната победа над Летонија, го одигра својот 90-ти натпревар во репрезентативниот дрес.

Извонредна бројка за искусниот Трајковски кој посакува и во недела со триумф да се заокружи Лигата на нациите, но сега и со далеку поголема поддршка од трибините.

„Вакви натпревари се тешки за играње, но јас сум задоволен затоа што победата ни беше императив. Го додавоме својот максимум, горд сум навистина на момците. Можевме и поубедливо но останаа неколку неискористени одлични шанси, пред се во второто полувреме. Сепак, се надевам  дека на следниот натпревар ќе бидеме поефикасни и ќе оствариме убава победа“ – истакна Трајковски по синоќешниот натпревар, притоа повикувајќи ги навивачите на неделниот натпревар против Фарските острови во што поголем број заеднички да се прослават успешните настапи во оваа Лига на нации.

„Се надевам дека во недела ќе имаме поголема поддршка од трибините. Мислам дека со овие резултати во Лигата на нациите го заслужуваме тоа. Всушност јас, како и секогаш, ги повикувам навивачите во недала да ни се придружат, затоа што со овие резултати заслужуваме и заедно да ги прославиме овие успеси“.

Се вчитува...