Димитриевски со емотивна порака за сочувство до семејствата на жртвите во Валенсија (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски синоќа по натпреварот со Летонија на арената „Тодор Проески“ преку порака напишана на својата маичка испрати емотивна поддршка со сочувство до семејствата на сите жртви од катастрофалните поплави во Валенсија.

Чуварот на мрежата на Валенсија испрати порака дека секој одигран натпревар негов сега е посветен на жртвите во поплавите и максимална поддршка за семејствата на настраданите.

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224, а 16 лица се уште се водат како исчезнати, информираше официјално шпанската влада. Како што се додава, 216 лица загинале во Валенсија, седум во Кастиља Ла Манча и едно во Андалузија. Од досега идентификуваните 197 жртви, девет се малолетни.

Се вчитува...