Далас ја продолжи црната низа во пресметките со Јута, доживувајќи нов пораз, овој пат од 113-115 благодарение само на индолентниот однос на Лука Дончиќ при последниот напад на противниците.
Кошаркарите на Далас го запишаа и четвртиот едноподруго пораз, во меч во кој играа без Кајри Ирвинг и Пи-Џеј Вашингтон.
Дончиќ одигра одлична партија запишувајќи 37 поени, плус и со седум скока и девет асистенции, но сето тоа залудно поради крајно зачудувачкиот однос во последниот напад кога на само две секунди пред крајот, при 113-113, со срамна одбрана им дозволи на противниците да постигнат лесни поени за победа.
Во победничкиот тим одлично одигра Џон Колинс со 28 поени и девет скока, а Џордан Кларксон запиша 20 поени, и по четири скока и асистенции. Кајл Филиповски на крај запиша 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА