Фудбалерите на Аргентина го запишаа и вториот пораз во квалификациите за СП 2026. По неуспехот против Колумбија во второто коло, синоќа „гаучосите“ загубија и од Парагвај со 2-1.
Тоа беше историска победа за Парагвајците кои првпат по 2009 година славеа на натпревар против Аргентинците. И покрај тој пораз, сепак Аргентина останува на првото место на табелата со три бода повеќе и натпревар плус во однос на Колумбија.
А, ништо не навестуваше на таков исход затоа што Аргентина поведе уште во 11. минута со голот на Лаутаро Мартинез.
Но, само осум минути потоа беше виден најубавиот момент на натпреварот, а можеби и на сите дуели од ова коло во јужноамериканските квалификации. Густаво Веласкез центрираше од десната страна, а Антонио Санабрија со ножички од десеттина метри го совлада официјално најдобриот голман на светот, Дибуа Маринез.
Es una maravilla el gol de Sanabria. Excelente pirueta para el 1-1 de Paraguay 🇵🇾 ante Argentina 🇦🇷. pic.twitter.com/NuyMa2v4EB
— VarskySports (@VarskySports) November 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА