Поранешен турски репрезентативец ја заврши кариерата

Поранешниот стопер на Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Вердер Бремен, Омер Топрак се реши да стави крај на својата играчка кариера на 35 години.

Тој речиси целата кариера ја мина во Германија, а покрај во Дортмунд и во Леверкузен, беше и во Фрајбург. Одигра вкупно 263 натпревари во Бундеслигата. За репрезентацијата на Турција има 27 меча.

„По 16 години со насмевка и солзи во очите ја завршувам кариерата“, напиша Топрак.

Во последните две години од кариерата играше во Анталијаспор. Топрак е роден во Германија, и настапуваше за помладите селекции на оваа земја, но потоа се реши да игра за Турција.

Се вчитува...