Фудбалер на Ливерпул стави крај на шпекулациите: Ќе играм за Шпанија, а не за Србија

Фудбалерот на Ливерпул, кој е позајмен во Салцбург Стефан Бајчетиќ, истакна дека во иднина го интересира само повик од националниот тим на Шпанија. Во последно време многу се шпекулира дека играчот од средниот ред би можел да го облече дресот на Србија, откако повикот од Шпанија го нема поради преголемата конкуренција.

Бајчетиќ беше откриен од Клоп минатата сезона и играше на неколку меча, но новиот тренер Арне Слот се реши да го испрати на позајмица и да на смета на него. Иако е далеку од Шпанија, сепак, тој сака да игра само за оваа селекција.

Бајчетиќ е роден во Виго, има настапи и за младите селекции на „фуријата“. Има српско потекло, и тој е син на поранешниот фудбалер Срѓан Бајчетиќ.

Се вчитува...