Димитријевиќ: Знам дека можам да бидам уште подобар

Плејмејкерот на Олимпија Милано, Ненад Димитријевиќ зборуваше за „Спорт клуб“ пред гостувањето на неговиот тим во Белград кај Партизан, зборуваше за неговиот нов тим и прилагодувањето кон Евролигата.

Тој жали за пропуштената шанса да се добие и натпреварот со Алба, после победата над големиот Реал Мадрид.

„Во нашиот тим има осум нови играчи. Уште се навикнуваме еден на друг. Во последниот меч уште повеќе се прилагодив, но мислам дека можам да бидам уште подобар. Ќе напредуваме како тече сезоната“, рече Димитријевиќ.

Тешко му падна кога го потсетија на дуелот со Алба.

„Беше тежок пораз. Го победивме Реал Мадрид, а требаше да ја победиме и Алба. Мораме да се рестариме после такви мечеви. Имаме добра прилика во Белград, на најтешкиот етерен да избориме важна победа за нас и да се вратиме на победничките патеки“, кажа македонскиот кошаркар.

Се вчитува...