Ван Нистелрој: Беше привилегија да бидам дел од овој клуб како играч, тренер, менаџер

Руд ван Нистелрој нема да биде дел од Манчестер Јунајтед под водството на новиот тренер Рубен Аморим. Тој веќе ја презеде екипата, а Холанѓанецот денеска емотивно се збогуваше од „Олд Трафорд“.

Холандскиот голгетер беше играч, тренер и менаџер на тимот на Манчестер, и кога се чинеше дека ќе остане дел од клубот, сепак, Аморим му се заблагодари и покрај тоа што фановите бараа негово останување.

До сите во фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, особено до персоналот, играчите и навивачите. Сакам да ви се заблагодарам од се срце за вашите неверојатни напори и поддршка. Беше привилегија и чест да го претставувам клубот како играч, тренер и менаџер, и секогаш ќе ги негувам спомените што ги споделивме заедно. Манчестер Јунајтед секогаш ќе има посебно место во моето срце, и се надевам дека наскоро ќе има уште многу славни денови на Олд Трафорд – не само затоа што сакам клубот да работи добро, туку затоа што сите вие ​​го заслужувате тоа!“, напиша Ван Нистелрој. 

Се вчитува...