Пол Погба не е повеќе дел од Јувентус, откако двете страни ја прекинаа соработката после допинг скандалот. Францускиот фудбалер доби суспензија поради допинг, а на терените ќе може да се врати во 2025 година.
Според најавите, Погба е подготвен за нов предизвик во јануари 2025 година, а може да игра од март истата година. За него има интерес од Саудиска Арабија, и најверојатно таму ќе биде неговата следна дестинација.
Погба во минатото беше дел и од Манчестер Јунајтед, а по врќаањето во Јувентус, не се прослави многу, со оглед дека долго време беше повреден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА