Баерн Минхен остана без важен играч пред пресметките со ПСЖ и со Борусија Д.

Фудбалерот на Баерн Минхен, Жоао Палиња отпадна од составот на Португалија за престојните натпревар во Лигата на Нации против Полска и против Хрватска. Играчот од средниот ред има проблем со повреда, и веднаш се вратил во Минхен каде почнува процес на рехабилитација.

Ова е лоша вест за „Баварците“ со оглед дека на 30 ноември ќе треба да го играат големото германско дерби против Борусија Дортмунд на гости на „Вестфален“, но претходно ќе ги одмери силите и со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Палиња беше еден од стандардните играчи на „Баварците“ под команда на Висент Компани по повредата на Павловиќ, па сега тренерот на Баерн ќе мора да бара други решенија во средниот ред на својата екипа.

Се вчитува...