Шпански репрезентативец е принудното решение за одбраната на Реал Мадрид

Реал Мадрид е принуден да бара засилување на стоперската позиција по тешката повреда на Едер Милитао за кој сезоната е завршена. Како една од можните аквизиции се јави поранешниот капитен Серхио Рамос, но за него претседателот Перез ги „затвори вратите“.

Нова голема веројатност за засилување е шпанскиот репрезентативец Емерик Лапорт кој и самиот посака да го облече дресот на славниот клуб од главниот град на Шпанија.

„Слушнав за гласините како и сите други. Звучи добро“, изјави Лапорт за интересот на Реал Мадрид.

Поранешниот фудбалер на Атлетик Билбао и Манчестер Сити во моментот настапува во првенството на Саудиска Арабија за Ал-Наср па Реал Мадрид ќе мора да плати обесштетување за негов ангажман.

Се вчитува...