Пелистер до врв го наполни голот на Прилеп

Актуелниот македонски шампион Пелистер без поголеми проблеми вечерва на домашен терен славеше против Прилеп со 46-24 во премиерниот меч од 11. коло од новата сезона во ракометната Суперлига на Македонија.

Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе по триесет минути игра имаа убедливи 23-16. Во вториот дел разликата на семафорот само се зголемуваше за на крајот „зелено-белите“ да стигнат до убедлив триумф од 46-24. Филип Кузмановски со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените по шест постигнаа Илиески и Цветаноски.

За потсетување ова беше последен меч за Звонко Шундовски како тренер на Пелистер, откако тој се враќа како дел од управата и функцијата која ја извршуваше досега, додека тренерската палка од викендов ја презема шпанскиот стратег Раул Алонсо кој исто така во друштво на раководството на клубот беше вечерва во „Боро Чурлевски“.

Се вчитува...