Раул Алонсо стигна во Битола: Со работа почнува веќе од утре

Новиот тренер на македонскиот ракометен шампион Пелистер, Раул Алонсо, денеска пристигна во Битола. Тој во друштво на претседателот Зоран Стерјев се запозна со ракометарите и вработените во клубот , а во моментов во живо го следи натпреварот на својот нов клуб против Прилеп во Суперлигата на Македонија.

Раул Алонсо ќе започне со тренинзи викендов. Тој ќе биде официјално претставен в понеделник, а своето деби на клупата на битолската гордост ќе го има в среда против Фредериција во Лигата на шампионите.

Се вчитува...