Скандал во Букурешт на натпреварот од Ц-лигата на нации, меѓу Романија и Косово кој не го дочека својот крај откако, при резултат 0-0, во судиското продолжение, гостинските фудбалери се налутија и го напуштија теренот.
Во тензичен меч косовските репрезентативци се налутија поради скандирањата од трибините „Србија, Србија…“ и „Косово е Србија“, што, како што објаснија по мечот, тоа за нив е расизам и провокација поради што одлучиле предвреме да го напуштат теренот. Дел од играчите на Косово на заминување шутираа и топки кон трибините по што влегоа во соблекувалните.
Навивачите и репрезентациите на Романија чекаа 15 минути да се вратат противничките играчи, но потоа следеше информацијата дека натпреварот нема да се доигра.
Не е никаква тајна нетрпеливоста меѓу Романија и Косово кои традиционално имаат фудбалски ривалитет. И на првиот меѓусебен натпревар во Лигата на нациите, пред два месеца во Приштина романските фудбалери беа гаѓани со тврди предмети и димни бомби, на теренот влегоа домашни навивачи кои сакаа да се тепаат со Романците, па уште по тој меч романските навивачи се заканија дека ќе им приредат пекол на противниците на реваншот во Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА