Мајк Тајсон беше понижен од „јутјуберот“ Пол (ВИДЕО)

Еден од најбизарните настани во професионалниот бокс заврши на неочекуван начин. Пред 70.000 навивачи на стадионот на „Далас каубојс“, Џејк Пол  со едногласна одлука на судиите го победи славниот Мајк Тајсон во меч за кој важеа посебни правила.

Судиите бодуваа 80-72, 79-73 и 79-73 за Јутјуберот и медиумска личност, која со години се натпреварува во професионалниот ринг.

На изненадување на сите, овој натпревар беше пријавен како професионална борба под покровителство на Атлетската комисија на Тексас, но беа употребени поголеми од професионални ракавици и гледавме осум рунди од две минути.

Сосема логично, овој пат Тајсон не можеше да се потпре на својата карактеристична експлозивност, која пред речиси четири децении го направи најмладиот шампион во тешка категорија во историјата на профи боксот. Тој за прв пат го освои светот на 20-годишна возраст.

Се вчитува...