Надал: Ако не бидам на врвно ниво, нема ни да играм во Дејвис купот

Рафаел Надал пристигна во Малага, каде следната недела ќе се збогува од тенисот на завршниот турнир од Дејвис купот. Секако, сите сакаат легендарниот „крал на земјата“ да го направи тоа максимално, освојувајќи ја петтата „Салатара“ во кариерата, но сомнеж сепак постои.

Што ако не е доволно фит и поради него Шпанија остане без трофеј, а токму на таа тема говореше и популарниот Рафа.

„Ако видам дека не можам да победам, ќе бидам првиот што ќе кажам дека не треба да играм. Прво сакам да видам како ќе минат тренинзите, па потоа ќе одлучам. Ако видам дека не сум подготвен, ќе му кажам на тренерот. Веќе му реков да не одлучува да играм само затоа што ова ми е последна недела како професионален тенисер“, изјави Надал. 

Во шпанскиот тим се и Карлос Алкараз, Роберто Баутиста Агут, Педро Мартинез и Марсел Гранољерс. За очекување е дека Алкараз сигурно ќе игра, но можна е дилема помеѓу Баутиста и Надал.

Се вчитува...