Селекторот на Косово сакал да се вратат на теренот, капитенот тоа не го дозволил

Скандал се случи на синоќешниот натпревар во Букурешт на натпреварот од Ц-лигата на нации, меѓу Романија и Косово кој не го дочека својот крај откако, при резултат 0-0, во судиското продолжение, гостинските фудбалери се налутија и го напуштија теренот.

Во тензичен меч косовските репрезентативци се налутија поради скандирањата од трибините „Србија, Србија…“ и „Косово е Србија“, што, како што објаснија по мечот за нив е расизам и провокација поради што одлучиле предвреме да го напуштат теренот.

Според информациите кои се појавија во медиумите, селекторот на Косово, Франко Фода наводно сакал тимот да се врати на теренот, но играчите решиле да не го прават тоа на барање на капитенот на репрезентацијата Амир Рахмани.

 

Се вчитува...