Mилевски: Првото место е осигурано, но целта е победа против Фарски О. и пласман во баражот за СП

Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен со почеток во 15 часот ќе ја пречека селекцијата на Фарски острови во последниот меч од Лигата Ц од новата сезона во Лигата на нации.

Македонија со победа на овој меч ќе направи крупен чекор кон пласман во баражот за пласман на СП 2026 година. Селекторот Благоја Милевски на официјалната прес-конференција даде свое мислење за утрешниот меч…

„Фарски острови покажаа дека нема аутсајдери и покажаа дека се квалитетен тим. Се работи за дисциплинирана екипа и доста тркачки одлично подготвена, не очекува меч потежок од Летонија. Сакаме да ја задржиме формата и да завршиме победнички. После Летонија е присутен замор со оглед дека истрчаа доста, беше напорен меч. Дополнителен проблем е теренот и предизвикува напор, но мислам дека ќе дадат максимум. Решено е прашањето за првото место, но целта е со 16 освоени бодови да бидеме уште поконкурентни за пласман на СП преку Лигата на Нации. Измени ќе има во составот. Ако бевме трпеливи со Летонија, тогаш сега треба да бидеме потрпеливи и поорганизирани“, изјави Милевски. 

Се вчитува...