Фараните едногласни: Македонија е силен тим, се надевам ќе им се приклучиме во Б лигата

Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен со почеток во 15 часот ќе ја пречека селекцијата на Фарски острови во последниот меч од Лигата Ц од новата сезона во Лигата на нации.

Селекторот на Фарски острови Еудун Клакштајн на официјалната прес-конференција даде свое мислење за утрешниот меч.

„Пред три дена бевме последни, а сега успеавме да избориме опстанок, и сега имаме шанса да одиме и во Лигата Б и ба тоа ќе бидеме концентрирани. Имавме одличен меч против Ерменија. Ќе има измени во тимот поради заморот. Убаво е да де биде тука, сакам да честитам на Македонија за првото место и промоцијата во Б лигата. Добар тим, технички добар тим, со добри играчи, игра офанзивно. Нема многу осцилации во нивната игра. Барди е одличен играч и тој прави разлика во селекцијата. Имаа одлична кампања, особено во Ерменија на гости, и не е тоа среќа, туку е квалитет. Се надевам дека ќе им се приклучиме во Б лигата“, изјави Клакштајн. 

Слично размислува и Виљормур Давидсен…

„Да честитам на првото место. Ова за нас ќе биде одличен предизвик и сакаме да одиме Б лигата. Сакаме да играме, си ја гледаме шансата да извлечеме добар резултат“, изјави Давидсен. 

Се вчитува...