Тајсон откри зошто ги гризе ракавиците

Легендарниот боксер Мајк Тајсон по речиси 20 години се врати во професионалниот ринг и – загуби. Јутјуб сензацијата Џејк Пол победи со едногласна одлука на судиите, а вниманието на гледачите го привлече еден по малку чуден детал.

Во неколку наврати во текот на борбата можеше да се види како Мајк Тајсон ја гризе ракавицата, а за тоа зборуваше и коментаторскиот тим.

Прашањето за гризењето на ракавиците било поставено по борбата. Новинарот Ариел Хелвани го праша 58-годишниот Ајрон Мајк дали навистина ја гризе опремата или има проблем со заштитната гума?

„Имам навика да ги гризам ракавиците за време на тепачки, да. Имам фиксација на гризење“, изјави Мајк и ги насмеа сите во салата.

Се вчитува...