Двократниот европски шампион Вардар стигна до лесна победа над Струга од 25-34 во првиот меч откако на клупата е аргентинскиот стратег, Гиљермо Милано, а како дел од 11. коло од новата сезона во Суперлигата.
Стружани се држеа во првото полувреме во кое имаа негатива од само еден гол 15-16, но сепак во вториот дел дојде до израз разликата во квалитет, па вардарци на крајот стигнаа до лесна победа од 25-34.
Хансер Родригез со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа деветте погодоци на Ненад Костоски. Добра вест за „црвено-црните“ е тоа што во тимот по повредата се врати Димитро Горига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА