Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен со почеток во 15 часот ќе ја пречека селекцијата на Фарски острови во последниот меч од Лигата Ц од новата сезона во Лигата на нации.
Македонија со победа на овој меч ќе направи крупен чекор кон пласман во баражот за пласман на СП 2026 година. Капитенот Енис Барди пред утрешниот меч вели дека мора да бидеме паметни и трплеиви.
„Да бидеме паметни и трпеливи. Треба да уживаме пред нашите навивачи и се разбира, одиме на победа. Публиката е наш 12. играч, очекувам многу поголема поддршка на утрешниот меч. Мора да дадеме се од себе уште од прва минута и мора да направиме рекорд од пет победи во низа, нешто што никогаш не сме успеале. Знаеме дека ќе се бранат и добро ги познаваме“, изјави Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА