Повремениот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Ти-Џеј Шортс го доби признанието за најкорисен кошаркар на 10. коло во Евролигата, откако одигра одличен натпревар и беше најзаслужен за победата на неговиот Париз на гости кај Барселона со 87-103.
Тој го подели признанието со Тео Маледон од Асвел.
Шортс натпреварот против Барселона го заврши со 24 поени, девет асистенции, еден скок и три украдени топки.
За Шорц ова е втора МВП награда сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА