Фриц е првиот финалист на завршниот турнир во Торино

Американскиот тенисер Тејлор Фриц е првиот финалист на АТП завршниот турнир во Торино откако вечерва славеше над Германецот, Александер Зверев со 2-1, по сетови 6-3, 3-6 и 7-6.

Првиот сет му припадна на Американецот кој без поголеми проблеми го доби со 6-3, додека во вториот Германецот возврати на ист начин. Во одлучувачкиот трет сет добивме голема борба во која на крајот посреќен беше Фриц кој славеше во тај-брејк за финале на завршниот турнир.

Во второто полуфинале кое на програмата е вечерва од 20.30 часот ќе се сретнат домашниот тенисер и прв рекет во светот Јаник Синер и Норвежанецот, Каспер Руд.

Се вчитува...