Фудбалската федерација на Романија го изрази своето разочарување од однесувањето на фудбалерит на Косово на натпреварот кој беше прекинат во петокот вечерта во Лигата на нации.
Натпреварот во Букурешт беше прекинат во судиското надополнување кога дојде до конфликт меѓу играчите на двата тима, а играчите на Косово го напуштија теренот бидејќи како што велат имало расистичко скандирање против нив.
Со свое соопштение излегоа и од Фудбалската федерација на Романија:
„Фудбалскиот сојуз на Романија го изразува своето најдлабоко разочарување во врска со однесувањето на делегацијата нa Косово и неговите играчи. Сметаме дека обвинувањата на косовската страна се неосновани и смешни и цврсто веруваме дека нивните постапки биле однапред смислени“, се наведува во соопштението на Алијансата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА