Швајцарците се жалат: Голот на Терзиќ беше нерегуларен

Швајцарската фудбалска јавност тешко ја прифати реалноста и испаѓањето во Б дивизијата од Лигата на нации по ремито со Србија во Цирих. Резултатот 1-1 ги остави домашните без шанси да го заземат барем третото место во групата, а сега беа критикувани и судиите.

Посебно внимание предизвика голот на Алекса Терзиќ во 88. минута, кој практично ги згасна сите надежи на Швајцарците.

Критики за судиските одлуки стигнаа и од поранешниот познат швајцарски судија Урс Мајерс, кој јасно го изрази своето незадоволство од начинот на кој судиите ја водеа играта, особено кога е во прашање ситуацијата во која Терзиќ избегна исклучување.

„Не разбирам зошто не беше доделен црвен картон. Сите фактори кои укажуваат на црвен картон се исполнети. Веќе нема дилема дали е ова „темно портокалово“ или нешто слично, ова е длабоко црвено“, изјави Мајерс

Се вчитува...