Натпреварот од седмото коло во Првата кошаркарска лига на Македонија, меѓу Куманово и Феникс е прекинат поради „димната завеса“ која ја зафати салата „Перо Наков“ во Куманово.
Пред прекинот се слушнаа неколку пукотници од петарди, по што се дигна „димната завеса“ па официјалните лица мораше да го прекинат дуелот на 1:32 минута пред крајот на втората четвртина при резултат 35-33 за домаќините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА