Ракометарите на Тиквеш стигнаа до нова победа во домашниот шампионат, откако вечерва славеа на гостувањето кај Бисинов со убедливи 22-33 во меч од 11. коло од новата сезона во Суперлигата на Македонија.
Гостите фуриозно почнаа уште од самиот старт па веќе по првото полувреме имаа убедлива предност од 11-18. Во вториот дел кавадарчани само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 22-33.
Мијатовиќ и Анастасовски со по шест гола беа први имиња во таборот на победникот, а феноменален на голот беше Арсиќ кој забележа 17 интервенции. Кај поразените недоволни беа седумте гола на Тоше Ончев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА