Кошаркарите на Работнички стигнаа до нов триумф во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Тиквеш со 81-85 во меч од 7. коло во Првата лига.
Гостите го отворија за нијанса подобро мечот па по десет минути игра имаа предност од три поени 18-21. Со истата разлика тимот од градски парк го доби и вториот период па на пауза замина со позитива од шест поени 37-43.
Откако во третиот период домаќините успеаја да намалат само еден поен од негативата (61-66), одиграа одлично во последниот период па на две минути до крајот влегоа со позитива од два поени 76-74. Натпреварот влезе во пенал завршница во која подобро се снајдоа гостите за конечен триумф од 81-85.
Имран Полутак со 20 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 23 поени на Александар Пантелиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА