Црна Гора го ангажираше Роберт Просинечки за нов селектор со надеж дека оваа селекција ќе влезе во позитивна серија на резултати. Наместо тоа се случи сосема спротивното, Црногорците не можат ниту да дадат гол, камоли да победат некого, па така вчерашниот пораз на домашен терен од Исланд (0-2) беше седми во низа на оваа репрезентација.
„Ова дефинитивно е катастрофа, седум порази во низа… Примивме два евтиини гола од физички добра селекција… Не ги искоритивме нашите шанси, примивме гол, а потоа беше тешко да се вратиме. Не бевме на посакуваното ниво, сеедно во одредени моменти од мечот имавме и целосна доминација, но тоа се покажа недоволно“, изјави Просинечки по натпреварот.
Притисокот од јавноста е огромен, Хрватот се чини е подготвен да си замине, а последен дуел ќе му биде оној со Турција на 19 ноември, кој е без резултатско значење бидејќи Црногорците секако се селат во Ц-дивизијата на Лигата на Нации.
„Ќе разговарам со претседателот Савичевиќ по Турција, па ќе видиме дали ќе продолжиме… Што се однесува до дуелот со Турција, прашање е колку ќе бидеме во состојба да се вратиме и да се мотивираме по овој пораз од Исланд“, прокоментира Просинечки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА