Ташовски: Фаворити сме против Шкупи и нема да го потцениме противникот

Кошаркарите на Пелистер се враќаат на прволигашките обврски, денеска во 18.30 часот на домашен терен пречекувајќи го составот на Шкупи.

Суспензијата од еден меч без публика веќе е минато, па битолчани ќе имаат можност да дојдат во „Боро Чурлевски“ и да им дадат поддршка на своите миленици, на патот кон шестата победа во седмиот овосезонски меч на домашната сцена.

Јасно е дека „зелено-белите“ ја имаат улогата на апсолутни фаворити, но избраниците на Александар Петровиќ се свесни дека не смее да дојде до опуштање, туку мора максимално да се одигра во текот на сите 40 минути.

„Играме против Шкупи, меч на кој дефинитивно сме фаворити и не бегаме од таа улога. Од друга страна, свесни сме дека во ниту еден случај не треба да ги потцениме, наша цел е да одиграме на високо ниво од почеток до крај на натпреварот. Шкупи има мала ротација на играчи, со наша агресивна одбрана и контрола на скок-играта не би требало да имаме проблеми да ја оправдаме фаворитската улога и да стигнеме до победата“, изјави Виктор Ташовски за официјалната веб-страница на клубот.

Се вчитува...