„Зарем не ти е срам така да славиш додека човек се бори за живот…“

Холандската репрезентација рутински славеше со 4-0 над Унгарија, а во центарот на вниманието се најде напаѓачот Вуг Вегхорст поради еуфоричната прослава на голот за 1-0.

Пеналот за Холандија беше досуден непосредно по долгиот прекин, откако гостинскиот тренер Адам Салаи се бореше за живот крај аут-линијата. Тој беше пренесе во болница, мечот продолжи со пенал, а Вегхорст го навлече бесот на Унгарците, но и на голем дел од своите сонародници поради начинот на кој го прослави голот.

„Кога ќе дадеш гол и онака ќе прославиш… Искрено, ме заболе стомакот кога го видов… Малку суптилност со оглед на целата ситуација ќе беше многу поприкладно“, порача Рафаел Ван дер Варт на полувремето, како стручен коментатор за мечот во Амстердам.

„Да се слави гол од пенал на таков начин, како да си дал гол во финалето од СП, и тоа минути по она што се случуваше е навистина неверојатно. Засрами се Вегхорст“, гласеше една од бројните пораки со слична содржина од унгарските фанови кон холандскиот голгетер.

Тој се појави пред камерите веднаш по натпреварот и јасно стави до знаење дека не сторил ништо лошо…

„Не згрешив, ниту пак би направил нешто поинаку ако се најдам во слична ситуација. Мечот продолжи, видов како Салаи го крева палецот покажувајќи дека е во ред. Јас остава фокусиран, дадов гол и прославив…. На полувремето прашав за неговото здравје, и сега веднаш по мечот пак го торив истото“, истакна Вегхорст.

Се вчитува...