Новата генерација на младата репрезентација до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 12 часот ќе го одигра вториот пријателски натпревар против соодветната селекција на Косово.
Двата тест дуели претставуваат еден вид селекција за новата млада репрезентација (генерација 2004/05) која ќе биде дел од следниот квалификациски циклус за ЕП 2027.
На првиот меѓусебен тест дуел избраниците на Драган Канатларовски загубија со 1-3, па денеска ги очекува обид за реванш против Косово. Стрелец на единствениот гол за Македонија на првиот натпревар беше фудбалерот на бугарски Септември Софија, Никола Величковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА