Симоне Инзаги се соочува со нов огромен проблем откако Хакан Чалханоглу заработи нова повреда на мускулот, втора во рок од еден месец, по што турскиот репрезентативец го очекува пауза од фудбалските терени.
Тој мораше да биде заменет на полувремето жалејќи се на болка во мускулот на левата нога, а за денеска се закажани детални прегледи кои би требало да покажат колку ќе мора искуниот плејмејкер да отутвува од терените. Тој пропушти три средби на Интер минатиот месец поради слична повреда, се врати на терените за дуелот со Венеција на 3 ноември, по што имаше еврогол и промашен пенал на дербито со Наполи.
„Почувствував мала болка, не сакав да ризикувам и самиот побарав да бидам заменет. Минаа две седмици откако се опоравив од истата повреда, се надевам дека состојбата не е влошена“, изјави Чалханоглу по натпреварот.
Интер веднаш по репрезентативната пауза го очекуваат дуели со Верона и со Фиорентина, а меѓу нив и нов предизвик од Лигата на Шампионите, на домашен терен против Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА