ПО НОВА ПОБЕДА: За што поголем багаж за место во бараж за СП 2026!

Македонија го бележи најуспешниот досега свој циклус во Лигата на нации, веќе обезбедувајќи место во повисок ранг на натпреварување – Б дивизијата. Но, денеска националниот тим против Фарските острови од 15 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во битка за нов триумф и победа со која ќе се осигура добар „бодовен багаж“ за место во баражот за СП 2026.

Избраниците на Боби Милевски и дефинитивно се решени со победа на овој меч да направат крупен чекор кон пласман во баражот за пласман на СП 2026 година. Со триумф, пак, Македонија ќе го потврди и рекордот на освоени бодови од формирањето на Лигата на нациите.

Сето тоа како повеќе од доволен мотив за силна битка за триумф над Фарските острови.

„Фарски острови покажаа дека нема аутсајдери и покажаа дека се квалитетен тим. Се работи за дисциплинирана екипа и доста тркачки одлично подготвена, не очекува меч потежок од Летонија. Сакаме да ја задржиме формата и да завршиме победнички. После Летонија е присутен замор со оглед дека истрчаа доста, беше напорен меч. Дополнителен проблем е теренот и предизвикува напор, но мислам дека ќе дадат максимум. Решено е прашањето за првото место, но целта е со 16 освоени бодови да бидеме уште поконкурентни за пласман на СП преку Лигата на Нации. Измени ќе има во составот. Ако бевме трпеливи со Летонија, тогаш сега треба да бидеме потрпеливи и поорганизирани“ – изјави Милевски.

Слично е размислувањето и на Александар Трајковски кој денеска ќе го игра својот 91-ви натпревар во националниот дрес.

„Постои замор играме на три дена, сепак нема да ни биде ова првпат вака да играме, нашиот фокус е да дадеме најдобро и на овој последен меч сакаме да завршиме на најдобар можен начин. Заморот ќе го оставиме зад себе за да завршиме со три бода“ – изјави Трајковски.

ЛИГА Ц (ЛИГА НА НАЦИИ) – ГРУПА 4 (6. коло – денеска, 15 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА – Ф. Острови

Рига: Летонија – Ерменија

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...