УЕФА ги објави деталите за ждребот во Лигата на Нации… сега е важно и да бидеш втор

Денеска и официјално ќе стартува последното шесто коло од Лигата на Нации, а УЕФА преку официјално соопштение на својата веб-страница само ги потврди најавените промени во форматот на ова натпреварување.

Досега математиката беше јасна, првопласираните селекции одат чекор погоре, последните се селат во понизок ранг, а четирите победници од групите во А дивизијата разигруваат за титулата. Ова веќе нема да биде случај, а за целото натпреварување да биде поинтересно, сега е многу значајно да се биде прв или втор во групата.

Конкретн:

Лига на Нации Ц/Д: Плејоф разигрување ќе се игра меѓу двете второпласирани селекции од групите Д и двете најдобри четвртопласирани селекци од групите Ц. Двете послаби последни селекции од Ц-групите директно се селат во понизок ранг.

Лига на Нации Б/Ц: Плејоф разигрување меѓу третопласираните репрезентации од групите Б и второпласираните селекции од Ц-лигата на нации.

Лига на Нации А/Б: Плејоф разигрување меѓу третопласираните репрезентации од групите 1 и второпласираните селекции од Б-лигата на нации.

Лига на Нации А: Најдобрите две селекции од секоја група ќе учествуваат во четвртфиналето. Во ждрепката носители ќе бидат победниците во групите, а неносители селекциите кои го освоиле второто место.

Ждрепката во која ќе бидат извлечени двојките за сите овие пресметки ќе се одржи на 22 ноември (петок) со почеток во 12 часот.

Се вчитува...