Французинот Клемен Ноел е победник на првиот слалом во новата сезона од Светскиот куп што денеска се возеше во финскиот ски-центар Леви.
Французинот доминираше на патеката, беше водечки и по првата трка, за на крајот заслужено да стигне до својата 11. победа во кариерата, прва по јануари 2023 година. Ноел имаше две стотинки подобро време од Швајцарецот Мелард по првото возење, но потоа беше уште поимпресивен во второто возење.
Мелард потфрли и на крајот заврши на третата позиција со 95 стотинки послабо време од победникот, а второто место му припадна на норвешкиот светски шампион Хенрик Кристоферсен, кој имаше 80 стотинки послабо време од Ноел.
За првпат во историјата се случи двајца хрватски скијачи да завршат во Топ 10 од една трка од Светкиот куп, Колега го заврши настапот како деветти во Леви, едно место подобар од Зубчиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА