Клакштајн: Одигравме „егал“ натпревар со силен тим како Македонија

Македонија победнички го заврши најновиот циклус во Лигата на Нации. Со триумф над Фарски Острови, и во меч во кој по петти пат по ред дојдовме до победа и тоа без примен гол, Македонија со 16 бодови ја заврши групата, и сега ќе чека исход од другите групи за баражот за пласман на идниот Мундијал.

По натпреварот селекторот на Фарски острови Еудун Клакштајн даде свое мислење…

„Ова беше израмнет меч. Македонија имаше посед, но одигравме и ние добро. На крајот ние ги промашивме нашите шанси, Македонија стрелаше. Разочарани сме што не освоивме бод и не влеговме во бараж за пласман во Б-лигата на Лигата на нации. Се на се задоволен сум од играта, штета што ја пропуштивме нашата шанса. Пред неколку дена бевме последни во групата и можевме да испаднеме во лига Д. Првата цел беше да обезбедиме опстанок и во тоа успеавме. Сакам да и честитам на Македонија за одличната кампања и за пласманот во Б лигата“, изјави Клакштајн. 

Се вчитува...