Белодедиќ: Што е со Косово… како мали деца се, ако ги гледате подолго почнуваат да плачат….

Минаа два дена, а во фудбалската јавност се уште е актуелен прекинатиот натпревар во Букурешт, на кој косовските фудбалери предвреме го напуштија теренот по извиците „Србија, Србија“ од трибините на стадионот во романската престолнина.

Легендарниот романски фудбалер, поранешен играч на Црвена Звезда, Миодраг Белодедиќ, имаше свој коментар за целата случка, жестоко критикувајќи ги гостите за се она што се случи.

„Тотална глупост, што друго да се каже… Ако нив тоа ги пофаќа, тоа е нивни проблем. За какви инциденти говориме? Дали имаше тепачка? дали имаше транспаренти? Тие нам цел натпревар ни викаа „цигани“, пцуеја 90 минути, а ние им се смеевме. Тие имаат комплекс, наместо да си ја гледаат својата работа, да играат фудбал, правеа се за мечот да не заврши. Обвинуваат за расизам, па тоа е смешно. Кога нас ни викаа цигани, зарем тоа не беше расизам. Дали ние го напуштивме теренот? Не, туку игравме фудбал, знаеме кои сме и што сме и не наседнуваме на провокации. Играчите од Косово се како мали деца, ако ги гледате малку подолго почнуваат да плачат… Будалаштини“, изјави Белодедиќ за романска „Газета“.

Се вчитува...