Екипата на Кожув успеа да врзе две победи, три во последните четири натпревари откако прволигашот од Гевгелија успеа да триумфира по голема борба на гостувањето против Гостивар со резултат . Мечот беше израмнет до самиот крај, а гостите од Гевгелија беа поумешни во самата завршница и стигнаа до значаен триумф.
Кожув беше подобар ривал во првата четвртина во која „црвено-белите“ имаа двоцифрена предност (11-22), за овој дел од мечот да заврши со водство на гостнискиот тим од 18-26. Гостиварци се разбудија во вториот период, заиграа далеку подобро во одбраната и на одмор заминаа со само три поени негатива (39-42). Мечот беше крајно неизвесен до последните секунди… Кожув имаше „плус четири“ на 22 секунди до крајот (64-68), но Гостивар најпрвин брзо реализираше, а потоа и изнуди лична грешка во напад, по што домаќините имаа напад за израмнување или евентуално со тројка и за победа на натпреварот. Сепак, „сино-белите“ лошо го одиграа последниот напад, Роудс ја загуби топката и Кожув го доби мечот со конечни 66-68.
Стевановиќ и Пилепиќ беа глаавни играчи на победничкиот тим со по 22 поени, Американецот Вилсон имаше 13 поени и 5 асистенции, додека кај Гостивар најефикасни беа Соколов со 16 и Роудс со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА