Синер за месец дена заработи 10 милиони долари

Јаник Синер ја заврши овогодинешната АТП сезона со титула триумфирајќи на завршниот турнир во Торино над американскиот тенисер Тејлор Фриц со 2-0 (6-4, 6-4).

Италијанскиот тенисер го заврши завршниот Мастерс со пет победи и тоа без загубен сет, а успехот му донесе заработка од речиси пет милиони долари. Претходно тој триумфираше и во Ријад на „Шесте кралеви“, а за тоа заработи шест милиони долари и тоа за три одиграни меча.

Така првиот тенисер на светот за осум мечеви заработи 10 милиони долари.

Се вчитува...