Легендарниот холандски репрезентативец Робин ван Перси по крајот на играчката кариера заплива во тренерските води. Тој во моментот е тренер на Херенвен, клуб од елитното првенство во холандскиот фудбал.
На емисијата „Спорткаст“ ја одби можноста да се врати назад во неговиот поранешен клуб Арсенал. Причина за тоа е предавството во 2012 година кога реализираше трансфер во Манчестер Јунајтед.
„Не очекувам да работам во Арсенал. Мислам дека тие врати се затворени“, изјави Ван Перси.
„Мислам дека тоа е поради мојот премин во Манчестер Јунајтед. Никогаш не знаеш што ќе биде во фудбалот, но јас така чувствувам. Тоа и понатаму е осетлива тема за нив, не и за мене. Тоа прашање е чуствително за навивачите наа Арсенал“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА