Светскиот број еден, Јаник Синер како ја започна така и ја заврши сезоната – со убедливи победи и трофеј зад своето име. Италијанецот славеше на Австралија Опен, а потоа и на завршниот мастерс во Торино.
На пресконференцијата за медиуми во татковината говореше на повеќе теми, а испрати и предупредување дека најдоброто од него допрва доаѓа.
„Мислам дека и понатаму имам простор за напредок, дека не го достигнав максимумот. Во финалето одлично сервирав, но немав такво чувство низ текот на целиот турнир. Имам уште простор за напредок во некои сегменти, но тоа се мали детали. Што повеќе се приближуваш до максималното ниво, деталите се поважни, прават поголема разлика“, изјави Синер кој во 2025 година го очекува тежок предизвик да ги одбрани освоените поени.
„Ќе се соочам со тоа како и оваа година. Ќе ја задржам смиреноста, ќе имам добра конекција со мојот тим, ќе пристапам сериозно на се, но ќе бидам опуштен. Ќе ми биде потребна добра рамнотежа“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА