Ламело Бол казнет со 100 илјади долари поради навредлив коментар

Тесната победа на Шарлот над Милвоки со 115-114 му донесе казна на Ламело Бол од 100 илјади евра, максималната казна која еден кошаркар може да ја добие за „навредлив и погрден коментар“ во НБА лигата.

Во интервјуто по натпреварот кошаркарот на Шарлот беше запрашан за одбраната на неговиот тим над Јанис Адеткумпо во последниот напад, а тој употреби израз против хомосексуалците.

Се вчитува...