Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска попладне, од 13.часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во ноемврискиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Селекторот Александар Јончевски стави 16. кошаркари на конечната листа на кандидати за двете средби против селекцијата на Литванија, првиот на 21. ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, 24.ноември, на гостински терен во Клаипеда.
Согласно со планираното, во салата СРЦ „Кале“, каде, во четврток, од 18.часот, ќе го играме натпреварот против репрезентацијата на Литванија, „црвено-жолтите“ ќе одработат и одреден број на тренинзи.
По денешниот, закажан за 13.часот, во вторник следуваат уште два. Во 10.30, односно во 18.часот, ќе бидат тренинзите на 19. ноември, додека на 20. ноември (среда), нашите најдобри кошаркари ќе тренираат од 13. до 15. часот. Тренинг ќе има и на денот на првиот натпревар, во четврток, од 10.30 до 11. 30 часот.
СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА НОЕМВРИСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – Работнички
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Страхил Николов – ТФТ
Бобан Стајиќ – Пелистер
Кристијан Николов – Џеди Осман академи (Турција)
Адем Мекиќ – Бора (Косово)
Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)
Итан Хап – Валенсија (Шпанија)
Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано (Италија)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА