Дембеле има план: На 34 години заминувам во пензија

Францускиот репрезентативец Усман Дембеле планира да се пензионира на 34-годишна возраст. Оваа одлука ја откри говорејќи на подкастот „ESN Media – The Bridge“ со сонародниците Ориел Чуамени и Жил Кунде.

Притоа Дембеле откри и со што сака да се занимава по крајот на кариерата.

„Тоа ќе се случи за седум години. Сакам да се пензионирам на 34 години и да се занимавам со недвижности и вложувам во Африка и Франција“, откри Дембеле.

Дембеле кој е третиот најскап трансфер во историјата вреден 140 милиони евра помеѓу Борусија Дортмунд и Барселона покрај за германскиот и шпанскиот тим настапуваше и за Рен, а во моментот ги брани боите на ПСЖ.

Се вчитува...